Цела недела без престан, во секое време и во секоја прилика, опозиционерите се потсмеваа со фотографиите кои Министерството за економија ги имаше ставено на веб-страницата “дома си е дома”, а за кои се покажа дека биле преземени од странски веб-страници.

Борбата беше како преку оркестриран напад да ја минимизираат улогата на министерството, а грешката да ја претстават како неуспех на Владата.

Ама, изгледа не позајмувал само Бектеши?!

По само една недела, денеска на социјалните фотографии осамна фотографија на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, но и извор од кој ја “позајмиле” фотографијата. Тоа се тие млади, прогресивни сили на ВМРО-ДПМНЕ, иднината на државата?! Лицемерни и со двојни аршини. Денеска веројатно нема да бидат толку енергични да објаснат чие дело е оваа толку оригинална фотографија.

“Млади кои прават разлика”? Толку точен и прецизен опис.

Кога имаат предмет на потсмев, немилосрдни како хиени, кога ги прават истите работи, молчат како риби! Значи, навистина прават разлика!