Партиските функционери на ВМРО-ДПМНЕ изгледа секојдневно се натпреваруваат помеѓу себе кој повеќе лажни вести да продуцира и да пушти во етер. Всушност тоа и не е нешто ново за опозиционерите бидејќи секогаш кога вистината не им оди во прилог, тие прибегнуваат кон ширење лажни вистини и креирање на некои свои “вистини” во кои веројатно ниту самите не веруваат. Дури ни услови на пандемија не се повод кујната на ВМРО-ДПМНЕ за крчкање лажни вести да забави со своето темпо на работа. Вчера редот за докажување му дојде на еден од потпретседателите на партијата, Владо Мисајловски, меѓутоа неговата лага беше експресно разоткриена, а Кендо беше жив фатен во нова лага. Крајно време е аналитиката на ВМРО-ДПМНЕ да проработи и да видат што добиваат, а што губат со ваквиот несериозен, манипулативен и потценувачки пристап кон граѓаните.

Креативноста на Мисајловски оди дотаму што во недостаток на прогресивни идеи, преземаат какви било слики од интернет просторот и ги претставуваат како да се направени тука на ова поднебје, ама не забораваат да посочаѕ дека и за тоа секако е  виновен СДСМ?!