Носителот на ИЕ 5, Игор Дурловски, во Вевчани беше пречекан од група млади со порака: “Дурловски, зарем 211 години затвор вредат 200 илјади евра?”
Оваа порака доаѓа во јавноста откако Александар Василевски – Нинџа во својство на сведок во случајот за 27 април наведе дека за водачите на „За заедничка Македонија“ биле издвоени дури 200 илјади евра.
Подоцна во јавноста беа пласирани и документи од кои се гледа дека Игор Дурловски купува земја во Свети Николе.
Дополнително, на истата средба Дурловски е забележан како не одржува дистанца во група граѓани и не носи заштитна маска.