ВМРО-ДПМНЕ неоуморно работат на кршење на сите здравствени протоколи, секој ден, без исклучок?! А и зошто не би ги кршеле кога на нивниот лидер тоа му е “добро утро”, а нивниот заштитник Чулев јавно кажува дека не се чувствува способен да постапува.

Плус, замислете, тоа се протоколи кои Филипче и Караџовски си ги донесоа од дома, па тие нека си ги почитуваат, не допира тоа до партиските штабови на ВМРО-ДПМНЕ?! До вчера не планираа да одат на избори, денес ревносно како мравки се собираат по штабовите. И тоа не е толкав проблем, колку што е проблем дека довчерашните “спасители” на здравјето на граѓаните со своето неодговорно однесување сега директно го загрозуваат  здравјето на своите најблиски колеги, а преку инив индиректно на целото членство на партијата и на граѓаните со кои утре ќе излезат на средба, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ нели не признава кампања без митинзи? И сето ова не би важело доколку групиве кои секојдневно ги гледаме на фотографии стават барем по една маска на лицето и одржуваат пристојна дистанца? Толку! Дополнително, фотографииве се од Куманово, а сите знаеме каква е изложеноста на вирусот во Куманово?! Уште потрагично е што во ВМРО-ДПМНЕ владее синдром секогаш кога ги минираат анти-корона мерките задолжително со фотографии да го овековечат моментот.

Ама кој да им каже на луѓево кога прва во кадар е Емилија Трајковска, ПРАТЕНИЧКА во Собранието, која дојде на местото на Невенка Стаменковска- Стојковски, која стана заменик министер за информатичко општество во техничката Влада.

Едно е нејасно, ако не им е гајле за членството и народот, како не се плашат за себеси и своите најблиски?!