За одредени структури во државава задолжени да шират паника и црни сценарија сега не е време за продолжување на започнатите законски и демократски процеси, не е време за нормализирање на функционирањето на државата, не е време за кампањи, не е време за избори…ама секогаш е време за протести и тоа во време на пандемија кога здравјето на граѓаните нели е на прво место?

И тоа не какви било протести, туку протести против чипирање, 5 џи, Бил Гејстс и други слични крајно ургентни причини за протест. Она што е интересно е дека тие што протестираат не веруваат во коронавирус, ама носат маски. Транспарентите кои ги носат се изработени со истиот фонт како и рекламниот материјал на опозициската партија, ама и тоа е чиста случајност, исто како и тематската маска на втората фотографија?!