По вчерашното рочиште за упадот и насилствата во Собранието на 27 април 2017 година, познат како „Крвав четврток“, обвинителката Вилма Русковска вчера во својата изјава пред судот ја потврди „инволвираноста на една политичка партија, но и на структурите од полицијата, односно структури во тогашната УБК“ во настанот.

Еден од сведоците беше и референтот за систем и гласање во Собранието, Сашко Коцевски, кој директно ја потврди спрегата помеѓу партијата и протестите.

“Добивавме пораки од општинскиот комитет, тие ги праќаа до претседателите на месните комитети и потоа до сите членови. Збирно место беше 17 часот, Влада на Република Македонија” – сведочеше Коцевски.