Деновиве социјалните мрежи се преплавени со фотографии и реакции по повод два два гафа на кадрите на ДУИ, Бектеши и Одмани, кои во моментов раководат со значајни ресори:

  • На министерот за економија Крешник Бектеши “дома” му е Германија, откако на веб-страницата за промоција на ваучерите за домашен туризам стави слика од Германија, наместо слика од некоја од бројните убавини со кои изобилува нашата земја. Тоа покрена лавина од реакции на социјални мрежи, па така корисниците со доза на потсмев започнаа да поставуваат фотографии од најразлични светски локалитети со хаштагот #домасиедома. За да биде гафот поголем, по реакциите од јавноста фотграфијата од Германија била отстранета, а на нејзино место била поставена нова, но и овојпат не од нашата држава, туку ни помалку, ни повеќе од езеро во Франција. Еве дел од хумористичните реакциите:

  • Втор настан кој покрена интерес на социјалните мрежи беше фотографијата на вице-премиерот за евроинтеграции, Бујар Османи кој постави фотошопирана фотографија на која е сликан со папата. Единствен проблем е што наместо фотошопирана фотографија добил лошо фотошопирана фотографија.