Коронава сама ќе се спакува и ќе замине дур лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ научи како се користи заштитна опрема, односно маска. Еднаш ставена маска на лицето повеќе не се допира со раце бидејќи постои можност да е веќе контаминирана, ама тоа за Мицкоски баш и не важи. Очигледно лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не е баш голем љубител на правилата, односно претпочита да оди контра секогаш кога има можност за тоа?!
Само за потсетување, на почетокот на корона-кризата, која патем тогаш за него не беше видлива, имаше друг проблем, како да научи да носи маска, дека не треба да се ракува, а потоа да допира лице или други предмети што се гледа на видеото подолу.