“Јас сум сигурен дека, мнозинството граѓани, кои велат дека дома ќе останат за изборите, доколку почуствуваат една загрозеност дека може да дојде на власт опцијата која до вчера правеше терор во државата, мислам дека во последен момент ќе излезат да спасат тоа што ќе може да се спаси. Нема да го остават СДСМ со сите жртви што ги направи. Ако ВМРО-ДПМНЕ остане со овие ликови што им се по Парламент, мислам дека луѓето веќе им се смејат, но тоа е нивен внатрешен партиски проблем” – вели новинарот Иванов во Утрински брифинг на Слободна ТВ.