Кога Ѓеро ќе се јави, веднаш пред очи ми доаѓа кофа со боја – и тој сиот ,,нацртан”. Дали беше момент на докажување за тоа кој е поголем фраер или свртување внимание на јавноста врз себе – не знам, ама за тоа има стручни луѓе кои впрочем уште тогаш го квалификуваа моментот на некаква и нечија фалинка. И еве го Ѓеро, пак! Бетер стана од Мицкоски….. Заев, Заев, Заев….. и денес за партијата – да, Ѓеро… не е само македонска – СДСМ е партија која не припаѓа само на Македонците, припаѓа и на Турците, на Ромите, на Албанците, на Власите, на Србите, на Бошњаците….. Заедничките идеи не’ прават реформатори во било кој поглед, за доброто на сите. Живееме во 21 век. Ако сакаме напредок и да живееме во современието, мора да се менуваме и да пливаме во реката која се побрзо тече. Денес СДСМ е огледало на заедничкиот живот и заедничките цели кои ги имаат граѓаните во својата татковина. И таа шареноликост е сосема природна и она најважното – работејќи заедно, на јаве излегува резултатот, од чиј плод, сите имаме ќар, прогрес и личен успех. СДСМ оди напред, #НаПравПат, Ѓеро!

Фејсбук статус на Мирјана Јанева