Оф. Ете. Веднаш солзи, вриштење, пиштење по соопштенија. Ред драма во три чина, ред маскарада. Сето ова, откако #Јанкуловска за сите пари ја пуштија низ вода.
Патетична и криминална вмројно, ако најголеми аргументи за Јанкуловска ви се – ,,мајка, сопруга, професионалец” да ја повториме историската лекција на глас.

Менталното здравје, бистриот ум наспроти демонскиот, расудување, интегритет и дострели, немаат врска со брак, деца, камоли религија.
Роза Луксембург, Никола Тесла и нели Гоце Делчев, кој не го вадите од уста и се обогативте врз негов грб, никогаш не биле мајки, татковци, мажени/женети. Роза исто е во прикаскава, бидејќи била во брак од интерес, се зела за папири т.е за германско државјанство.
И многу други примери на светски познати генијалци.
Овие луѓе светот ги памети и ги слави. Уште.

Од друга страна Марга Гебелс била мајка на шест деца, сопруга на нацистот и монструм, Јозеф Гебелс, која на крај си ги убива сите деца.
Пополека со вашиве дефиниции за вашиве ,,мајки”.
Кога бевте власт расплакавте мајка на куп мајки, деца, растуравте фамилии на секој чекор.
Правдата е делумно задоволена. Ја чекаат уште пресуди.
Има уште. Овој народ чека ПРАВДА за многу други ℹ
Туку, вашава ,,мајка” кој ќе ја памети по 100 години❓
ФБ реакција на Јорданка Ивановска-Јоци