ИГРА НА ТРОНОВИТЕ ИЛИ ЗА ПАРИТЕ ВО ВМРО-ДПМНЕ: Тивка војна за престолот меѓу Мицкоски и Николоски, откако Рускоска го отвори предметот ,,Пајажина”♦️♣️

💵Дали Христијан Мицкоски и Александар Николоски се во тивка војна, затоа што Николоски со своја ,,екипа” се подготвува за преземање на тронот во ,,вмровската палата” по губење на изборите
💵Дали Мицкоски добил ,,бомби” за Николоски и Никола Груевски од Александар Верушевски и така некако ќе се ослободува од нив, а ќе го задржи престолот по поразот
💵 Дали Груевски е бесен, па го има само еднаш во неколку месеци онлајн
💵 Дали на Мицкоски му одговара истрагата за ,,Пајажина” на Рускоска во која е инволвиран Николоски и имиња од неговата ,,екипа”Ќе успее ли да се одбрани и дали ќе направи ,,чистка” за да остане на тронот во партијата

Христијан Мицкоски, денеска, на прес-конференција, срамежливо, а во исто време без поголема возбуда, го нарече ,,ИЗМИСЛЕН СЛУЧАЈ” предметот ,,Пајажина”, кој, по допрен глас за негови сопартијци го отвори Јавното обвинителство, пред неколку недели.
Му текна на лидерот нешто да каже околу истрага за негов потпретседател, но по неколку недели. Па, бравоДа не биде без ич.

Отворена е истрага за перење ,,кокаински пари”, измами и други финансиски криминали, во која се споменуваат сегашни и екс членови од високото раководство на партијата, членови, екс директори, како и луѓе од разузнавачки структури, сите од времето на Никола Груевски и Ѓорге Иванов.
Во ,,Пајажина” ќе се води истрага за потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, АлександарНиколоски, екс директорот на Сергеј Самсоненко, Ратко Капушевски, за Ивица Георгиевски-Фреди, за Синиша Алексовски…

Повеќе околу ,,Пајажина” на следниот линк.

Целата оваа ,,пајажина” е зад завесата на КОВИД19, подалеку од очите и ушите на јавноста, а ВМРО-ДПМНЕ ја сокрива, во надеж дека нивните членови нема да дознаат какви ,,игри” се играат и какви истраги им висат на врат, додека тие, заблудено, си го бараат назад ,,кутлешот” на шахти.

ФБ статус на Јорданка Ивановска-Јоци