– Заев имаше доблест да се повлече.
Дали Мицко ќе се повлече ако не формира мнозинство со кое ќе ја турне владата на сдсм-дуи и ќе формира нова?
Или пак ќе нема храброст за тоа, како и по многуте изгубени избори во изминатиот период, се вели во еден твит на твитер.

Дали Христијан Мицкоски ќе поднесе оставка доколку му пропадне мнозинството, засега не знаеме, но факт е дека членството на ВМРО ДПМНЕ ќе ја бара неговата оставка на тацна, со оглед дека десетина пати досега најави мнозинство и ниту еднаш не успеа да го формира. Последниот обид е на се’ или ништо, со оглед дека лидерот на ВМРО ДПМНЕ излезе со конкретен датум кога ќе ја урива про-европската и про-западната НАТО Влада на Зоран Заев.