Манипулациите и лажните вести од страна на ДПМНЕ не ја заобиколуваат ни економијата.
Ајде малку факти и бројки.
Велат дека просечната плата во МКД растела со 5.4% годишно во периодот од 2006 до 2016 година. Ама забораваат да кажат дека хранарината и превозот кои сите работници ги земаа, ги ставија како пресметка во нето платата, а беа тргнати како посебни додатоци на платата. Од 13.800 денари, вештачки ја направија калкулацијата и ја зголемија за околу 3.200 денари. Оттука, излегува дека растот на просечната плата во времето на манипулаторите треба да се пресметува во распонот од 17.000 до 22.808 денари, односно раст на просечната плата за 5.800 денари, или процентуално тоа изнесува околу 34% за цели 11 години!
За време на скратениот мандат на СДСМ, односно со доаѓањето на СДСМ на власт во месец јуни 2017 година просечната плата е 22.808 денари, а во декември 2019 година достигнува 26.836 денари. Тоа е раст на просечната плата за над 4.000 денари или поточно 4.028 денари за само 2.5 години. Во проценти ова изнесува 17.6% за само 2.5 години! Тие за 11 години 5.800 денари, ние за 2.5 години 4.000 денари!
Манипулатори, ајде да зборуваме за минималната плата! Со вклучена хранарина и превоз, минималната плата во времето на бајките и сказните изнесуваше 9.000 денари. Од ова ако ја одземеме хранарината и превозот, остануваме на 5.800 денари! Толку вие го вреднувавте минималниот труд! Сега, минималната плата е 14.500 денари. Далеку повеќе од 9.000 денари! Преку 60% далеку! Преку 66.000 денари годишно далеку!
И нема да застанеме тука! Минималната плата ќе оди на 18.000 денари минимум!
Како? Со разумно, одговорно и домаќинско работење. Место во фасади, врби, споменици и криминални проекти, ние ќе инвестираме во човечкиот капитал и иднината на нашите деца. Во повисоки плати, во образованието, во преструктуирање на бизнисот, во иновативни идеи и индустрии, во енергетиката и инфраструктурата, во земјоделието и здравството.
Нема запирање! Нема чекор назад! Нема манипулации!
Почетна ГЛАСОТ НА ЈАВНОСТА Колемишевски со факти и бројки: Манипулациите и лажните вести од страна на...