„Се сеќавате на вмраните вработени во МВР што славеа именден ? Епа сега отишле чекор напред. На 01.12.2020 година нивнoто самоволие кулминира до тој степен да се тепаат лица кои се на издржување на казна затвор, кои се тепани од полициски службеници од МВР, во службени простории.“ – пишува твитерџијата „рецепционерот Таљат“.

Имено, на 1. месецов полициската тортура кулминира до тој степен да се тепаат лица кои се на издржување на казна затвор, a се тепани од страна на полициски службеници од МВР, во службените простории во Затвор Струмица.
На 01.12.2020 година околу 09,30 часот, полициските службеници Петров Петре и Ангел Мастев од полициската станица во Струмица, отишле во Затворот за да достават Службен документ на лицето Јасмин Амедовски од Струмица кој е на издржување казна затвор.
Во Затворот, односно во службените простории, почнале да го тепат на лицето Јасмин Амедовски удирајќи го со тупаници, при што од страна на чуварската служба во Затворот се пристапило кон отргнување на полициските службеници за да ги одвратат од продолжување со тепањето.
По случувањето на насилството, настанот е пријавен во СВР Струмица од каде се превземени мерки за расчистување на случајот.
Ваквиот невиден случај на полициска тортура ги поминува сите норми на едно демократско општество и наликува на тоталитаризам каде полициските службеници однесувајќи се како шерифи, ставајки се во улога над законот, понесени од моќта која ја дава униформата се однесуваат диктаторски, однесувајќи се кон лугето како безвредни предмети.
Ќе се стави ли конечно крај на ваквата полициска тортура? Ке се превземат ли конечно законски мерки против ваквите полициски службеници, за кои законите подеднакво важат при извршувањето на должноста, или и понатаму ке бидат оставени да се однесуваат како шерифи, користејки ја униформата за лечење на своите комплекси, однесувајќи се како улични насилници? – се прашува јавноста.

Инаку пред извесно време токму овие двајца полициски службеници беа посочени од јавноста како прекршувачи на мерките за заштита од пандемијата кога на социјалните мрежи се појавија фотографии од масовни собири на кои присуствуваа и тие. Тогаш јавноста реагираше на фактот што полициски службеници од Струмица вработени во времето кога на власт беа ВМРО-ДПМНЕ се најголемите прекршувачи и непочитувачи на мерките и протоколите во време на пандемија. Еклатантен пример како наместо да ги спроведуваат и да бдиат пример јавно ги кршат, реагираше јавноста во Струмица.