-Никогаш нема да прежалам што дозволивме Груевски да го спроведе Скопје 2014 и да го уништи центарот на Скопје. Уште долги години нема да може да се санираат штетите предизвикани од оваа негова умоболна идеја. Вратете го филмот како изгледаше зградата на МЕПСО, ја има сликата во текстот, зградата на владата, уникатно архитектонско дело, на ЕСМ, каде уште висат партали од обидот да се облече во барок, на Пелагонија, како изгледаше Вардар, без бродовите, како се гледаше Кале од плоштадот на кој немаше грдосија како Воинот на коњ… и така натаму, и така натаму. И сега, си велам, каде се оние што ги тепаа студентите на плоштад, каде се оние што ја чистеа спонатно репликата на Триумфална капија, каде се оние што го бранеа Александар од уривање, каде е Груевски?! Како една од најголемите противници на Скопје 2014, и како тогашен уредник во Телма каде секојдневно зборувавме за сите негативности на Скопје 2014, еве сум, еве сме. Тука се уште многумина кои се бунеа, протестираа, критикуваа. Главно расфрлани натаму, наваму…Ама оние горните од Папрадиште, некој си Синиша Спасов, кој бил тогаш директор на МЕПСО, груевистите, притаени се, ама пикнати некаде каде пак цицаат од заедничкиот буџет. Несфатливо е никој досега да не одговара за Скопје 2014. каде во секој гипс и во секоја плочка има криминал, докажлив криминал.

ФБ статус на Емилија Лазаревска