Мостови се за сообраќај, а за фаќање риби треба желба, не мост.
Да стане појасно: Во совет на општина Гази Баба мнозинство и минатиот пат имаше вмро. Токму тие вмровски советници не изгласаа промена на рутата по која оди сообраќајницата до мостот, што беше потребно за да се избегнат многу експропријации.
Но, тогаш на вмро им беше битно само да го “зезнат” Петре и комуњарите од Град Скопје и да пропадне изградбата на мостот и отворањето на уште еден влез и излез во Аеродром.
Сега испадна дека на Данела и остана да ги плати експропријациите и да довршува мост кој по нејзината логика е мост на Петре и комуњарите.
Мостот не е на Петре, ни на комуњарите, мостот е на Скопјани, планирано беше да се вика Генерал Михајло Апостолски, се надевам дека Данела нема да го смени името на херојот.

ФБ статус на Васко Лазаревски