Искрени честитки за Албанија која конечно ги почнува преговорите со Брисел.
Ми се допадна соопштението на Владата. Нема преговори за идентитетот и јазикот. Со тоа покажаа дека се оградуваат од секој нов Misty Document за компромисно решение на билатералниот спор во текот на декември. Никој нема право политички да си игра со историјата. Буквално никој.
Говорот на омраза меѓу двата народа официјално е лансиран од поедини министри во владата на соседната земја. Тука нема никакви дилеми. Тоа беше, и е, успешен проект на закрвавувањето на односите меѓу народите на соседните земји. Доволно за војна меѓу народите на социјалните мрежи. Потоа е лесно да го преточите бурето во официјална политика.
Овој говор на омраза, лабораториски произведен од официјалниот естаблишмент на соседната земја, може лесно да се протолкува како теорија на заговор. Со крајна цел, дезинтеграција на минијатурната држава Северна Македонија. Естаблишментот на соседната земја во оваа минијатурна земја, негира се што е македонско. Не се негира турскиот, влашкиот, ромскиот, српскиот или албанскиот идентитет, историја или јазик. Ако успее заговорот, потоа ќе биде лесно. Секој ќе си го добие своето. Исто како БИХ во девеесетите. Кога луѓето што мислеа, одеднаш замолкнаа.
Северномакедонскиот естаблишмент мора да опстои на оваа изјава. Нема преговори за идентитетот и јазикот. А со тоа и за историјата. Затоа што позади тоа не останува ништо во оваа минијатурна држава, освен збир на пооделни племиња од минатото. А тоа е и целта на среден и долг рок од овој соседен естаблишмент.
Никој нема мандат да потпише некој компромисен Misty Document ако се појави во декември. Нема преговори за македонскиот идентитет, јазикот, а со тоа и македонската историја. Ниту позицијата, ниту опозицијата во оваа минијатурна држава.

Сите знаеме дека имаме искрени пријатели во меѓународната заедница. Но тоа не е доволно. Затоа што се има лимит на сопствени интереси. Поточно, нема лимит за сопствените интереси. ЕУ може само да затрпа некое компромисно решение во декември во својата немоќ дури и за билатерални територијални риболовни проблеми.
Во целиот овој период ми се допадна што македонскиот официјален естаблишмент не подлегна на подметнатиот говор на омраза од естаблишментот на соседната земја. Делуваше европски со јасно Ignore на провокациите.

Руди Лазаревски