Сте го слушнале ли некогаш Заев да каже:
ЈАС му се јавив на ‘тој и тој’… И затоа ‘таа и таа’ држава нас ни помогна… Заради МЕНЕ… Бидејќи ЈАС издејствував помош!
Епа и јас не сум слушнал!
Многу ми е чуден Мицкоски… Инсистира на тоа да ја убеди јавноста дека ТОЈ средил работа…
А замислете да слушневме вакво нешто од него:
– Добивме помош од Унгарија и тоа е она што треба да нè радува… Најмалку важно е дали тие пари се побарани од мене, од Заев, од Касами, или од некој друг… Сите заедно сме во оваа каша и сите заедно треба да се бориме со ова зло… Со заеднички напори… Техничката влада прави сè што може и треба да знаат дека имаат целосна поддршка од ВМРО-ДПМНЕ!
Мицко само со вакво размислување и со вакви зборови може да добие нови гласачи… Во спротивно, ќе си остане на оние негови 150-200 илјади „VMRO DO GROP“ поддржувачи!
ФБ статус на Ацо Лукароски







































