Речиси сите држави во светот се соочуваат со голем проблем како да ги извлечат своите луѓе од Авганистан… Канада денес прават стратегија како да ги донесат Канаѓаните… Јапонија при крајот на неделава ќе испратела три авиони за своите луѓе… САД ‘ослободија’ само еден мал дел од своите луѓе… Многу други држави бараат начини, преку дипломатски и други канали да најдат решение за овој проблем…
Македонија уште пред неколку дена ги извлече сите наши луѓе… До последен човек… Четири групи преку Доха, Абу Даби, Дубаи… Тоа го организираше нашето МНР… Најдоа начин… Иако задачата беше претешка… На аеродромот во Кабул се случува хорор…
Опозицијата не го пофали сето тоа, но не сретнав ниту некој „неутралец“ да напише убав збор…
А замислете да беше обратно… Замислете што ќе правеа Мицкоски и Апасиев… Замислете што ќе се случуваше на Фејсбук и Твитер… Оставам на вашата имагинација!
ФБ статус на Ацо Лукароски