Околу нашето зачленување во ЕУ, во моментов треба да сме фокусирани на две работи…
1. Добивање датум за формално отпочнување предпристапни преговори
2. Прилагодување и примена на европските норми, вредности, стандарди…
За првото, за жал, зависиме од волјата на Бугарија… Но за второто никој не не’ спречува да започнеме веднаш… Затоа Владата денес ја усвои Агендата „Европа дома“…
♦ изборни реформи
♦ правосудство
♦ борба против криминалот и корупцијата
♦ основни човекови права
♦ реформи во медиумската сфера
♦ економско владеење
♦ реформа на јавната администрација
♦ животна средина и климатски промени
ФБ статус на Ацо Лукароски