Многу мои пријатели и сопартијци наивно влегоа во вмровската клопка во случајот со Ламбе…
Целата работа почна со некакво „отворање“ на бугарскиот клуб во Битола, со име „Ванчо Михајлов“… Клуб отворен од луѓе од ВМРО и соработници на Мицкоски…
И сега ВМРОвците, злоупотребувајќи го бесот што Бугарите го навлекоа со нивната ‘вето’ политика против нас, ПРВ ПАТ во историјата го кренаа гласот против Ванчо Михајлов… И првпат го нарекоа фашист… И како продолжение на таа нивна акција со кодно име „Ванчо Михајлов“, се случи Ламбе…
Едно прашање до оние што вчера застанаа на иста („патриотска“) страна со ВМРО и Левица…
Дали можете да ми посочите еден единствен пример кога некој од ВМРО (пред 14 април, 2022 г.) кажал некогаш нешто против Ванчо Михајлов? Во свој говор, во своја колумна, или во муабет на маса?
Како тоа преку ноќ, на 14 април, Ванчо Михајлов стана ЛОШ? Како тоа тој стана ФАШИСТ? За првпат во историјата?
Јасно ли ви е зошто немаше ламбевци кога фигури од Ванчо Михајлов се ставаа во музеите во Македонија? Јасно ли ви е зошто немаше ламбевци кога се откриваа споменици од Тодор Александров и од Ќосето? Или кога на зградата од МНР беше поставена статуа од Симеон Радев???
И сега ВМРО ќе ја спасува Македонија од фашистот Ванчо Михајлов??? Really??? Ќе ја спасува со ставање чораб на глава и предизвикување пожар? И со плакати „И јас сум Ламбе“???
Па ЛАМБЕВЦИТЕ ги има и во Македонија и во Бугарија… И токму Ламбвеците на двете страни од границата ги прават сите штети за Македонија… Свесно и смислено… И вие сега сакате да бидете Ламбе???

ФБ статус на Ацо Лукароски