Читајќи ги деновиве сите аргументи, контрааргументи, квази-аргументи итн., дојдов до следниве два заклучока…
1. Предлогот од ЕУ го прифаќаат сите коишто гледаат во ИДНИНАТА… Не го прифаќаат оние што гледаат во МИНАТОТО!
2. Предлогот од ЕУ го прифаќаат сите коишто бараат РЕШЕНИЈА… Не го прифаќаат оние што бараат ПРОБЛЕМИ!
И затоа не ме изненадува тоа што, на пример, ВМРО не го сака Предлогов… Затоа што 30 години гледаат во минатото и 30 години бараат проблеми… Никогаш за ништо не нудат решенија, коишто во иднина ќе им го направи животот подобар на граѓаните…
И сега… Не го прифаќаат предлогов, а подобро решение не нудат…
Ми текнува на една карикатура од 2006 или 2007 г., од легендарниот Пецко… На почетокот од премиерската кариера од Груевски…
Груевски опкружен со новинари со микрофони, им дава изјава:
„Се трудиме на граѓаните да им обезбедиме што е можно подобро минато!“

Канада нема многу долга историја, но има многу богата историја… Имало многу војни овде… И никогаш канадските политички партии не градат политика базирана на историјата…
Сите политички партии во Канада нудат РЕШЕНИЈА… Граѓаните на избори ги бираат оние за коишто сметаат дека понудиле најдобри решенија…
(Јас на последните локални избори гласав за кандидат од една партија во моето ‘маало’, а на ниво на провинција за кандидат од друга партија… Ништо необично за овде)
Во Канада нема поделби на „патриоти“ и „предавници“…
Секој секому му ја почитува љубовта кон државата…
Затоа Канада е Канада!

Да завршам…
Читам многумина дека со многу гнев и револт пишуваат: ‘Не сакам ваква Европа’…
Изгледа дека сакаат ВАКВА МАКЕДОНИЈА…
Јас не сакам ваква… Сакам подобра!

ФБ статус на Ацо Лукароски