Една моја ФБ пријателка, еминентна новинарка и бивша уредничка на ТВ медиум, вели:
„На Заев почнува да му се случува Груевски…“
Со дообјаснување дека и Заев ќе завршел „затворен во кругот на соработниците“…
Ме изненади многу, морам да признам… Не ми се верува како нашла нешто заедничко кај Груевски и Заев… Тоа што тие двајца го оставиле/оставаат позади себе се разликува како црно и бело…
Политичката кариера на Зоран Заев ќе заврши со тоа што тој самиот ќе се повлече… Но откако претходно на Македонија ќе и’ обезбеди резултати коишто до скоро изгледаа невозможни… Па на таа моја пријателка и на сите што мислат како неа, ќе им каже… Еве ви ја сега Македонија, рамноправна членка на НАТО, со започнати официјални преговори со ЕУ, со забетониран македонски идентитет и признат македонски јазик, со пријатели во соседството и со пријатели во цел свет, со загарантирани граници и безбедност, со средени и релаксирани меѓунационални односи внатре во државата… И сега ве молам оставете ме да му се вратам на семејството, горд на моите остварувања…
За разлика од него, политичката кариера на Груевски заврши во багажник од кола, напуштајќи ја татковината како кукавица…
Не, пријателке… Никако не може Заев да заврши како Груевски… Заев и Груевски не ги личи да ги ставаш во иста реченица… Тотално неспоредливи се!

ФБ статус на Ацо Лукароски