Знамето на НАТО пред нашето собрание не е само формалност како што многумина се обидуваат да го контекстуализираат тоа. Кренатото знаме на најсилната алијанса на светот пред нашиот законодавен дом е катарзата на нашата 30 годишна борба да бидеме сигурни, признаени и рамо до рамо со најбогатите и најзрелите демократии.
За сите денови во кои папсани и од сите страни сардисани одевме по улици, борејќи се против режим кој со сета сила сакаше да не оддалечи од овој ден, за сите кнедли кои сме ги голтнале за компромис и со соседни држави но и со домашни политички опортунисти, ова денес е нашата светла точка во тунелот.
Имаме долг пат да одиме но знаеме кај сакаме да стигнеме и денови како овој го даваат одговорот на прашањето, што поради разноразни причини сите си го имаме поставено барем еднаш… вредеше ли?
– Епа да, вредеше и тоа како!
Нека ни е честито, другари.
ФБ статус на Замир Мехмети