Дали лидерот на опозицијата малку ги измешал кампањите?!

Иако не испушта прилика да излегува на пресови со брилијантни идеи, деновиве социјалните мрежи ги обиколуваат фотографии според кои се чини дека Мицкоски сам си ја подрива кампањата “Купувајте македонски производи” и ја замени со “Kупувајте српски производи”?!

После фотографијата на која конзумира српска минерална вода “Књаз Милош”, излезе и нова фотографија од која се гледа дека во Белата палата се пијат српски сокови “Фрувита”. Ако самиот Мицкоски вака ги почитува своите сопствени идеи, како очекува другите да го сфатат сериозно и да му веруваат?!