Фејсбук статус на Христијан Мицкоски за починатите од ковид-19:
„Сѐ повеќе добри луѓе си заминуваат, и секако прашањето кое останува да нѐ мачи, дали можеше поинаку!?“.
Да, господине Мицкоски, можеше поинаку доколку во време кога ДПМНЕ беше дел од техничката Влада, дополнителната заменик-министерка за финансии од вашата партија, Гордана Димитриеска – Кочоска, не ги блокираше средствата од Светска банка за изградба на модуларните болници, за опремување на инфективните одделенија во државните болници, за набавка на мобилни рендген апарати…
Си се запрашал ли, господине Мицкоски, колку животи ќе беа спасени ако модуларните болници се изградеа неколку месеци порано? Имаш ли можеби трунка грижа на совест заради тоа?
Да, господине Мицкоски, секако дека можеше поинаку!

ФБ статус на Зоран Милошески