Се сеќавате на шестемина пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои во 2000 година ја напуштија партијата и преминаа во новоформираната ВМРО-Македонска на Борис Стојменов? Се сеќавате дека заради закани за нивна физичка ликвидација, државните безбедносни служби ги засолнаа пратениците на непозната дестинација? Се сеќавате на омразата и гневот со кој партиските јуришници на ДПМНЕ, меѓу кои и голем број директори и раководители на општински и државни институции, ги каменуваа и демолираа домовите на пратениците?
Ви текнува на случувањата од 2004 година во скопскиот хотел „Панорама“, кога неколку стотини вооружени членови на ДПМНЕ бараа прекин на седницата на Централниот комитет и оставка на партиското раководство?
Го паметите „црниот понеделник“ од 2012 година кога пратениците на СДСМ и опозицијата заедно со новинарите беа насилно исфрлени од собраниската сала?
А на „крвавиот четврток“, 27 април 2017 година и упадот во Собранието, ви текнува? Кога Села, Заев и останатите пратеници куртулија за влакно?
Можете да се присетите кога СДСМ организирал нешто слично како гореспоменатите настани?
И сега, кој е тој кој врши пресија и терор врз актуелниот пратенички состав пред гласањето во четврток?

ФБ статус на Зоран Милошески