zoran milosevski

Релативизирањето на резултатите од истражувањето на ИРИ, нема да ја смени реалната слика за состојбите на македонската политичка сцена.
Грујо не е најпопуларен, туку НАЈМАЛКУ НЕПОПУЛАРЕН политичар – тоа е пораката која граѓаните ја испраќаат до актуелната политичка елита.
Вината ќе ја лоцираме во граѓаните? Одлично, решен проблем! Ама, како многу брзо да заборавивме дека тие се во право дури и кога грешат!?
Зошто се занемарува влијанието на еден од клучните фактори – МЕДИУМИТЕ?
Видете ги гостите во дебатните емисии на Телма, ТВ 24, Канал 5, Сител, МРТВ, гнасната Алфа: вистинска агресија на човековите сетила од страна на платените пропагандистички вувузели на ДПМНЕ. Претставници и застапници на политиките на СДСМ, колку без ич.
И така секоја вечер. 7 дена во неделата. Со години.
Секое “зошто“, си има свое “затоа што“!

ФБ статус на Зоран Милошески