Кога Вашите пари ги трошеа на споменици и жални врби, молчевте!

Денеска кога од Вас се бара трошка солидарност и еден грам човечност вие сте најгласни, а згора на тоа ја покажувате и Вашата себичност!

И кога денеска веќе се е различно. Кога животите ни се променија, кога имаме нови правила за опстанок на кои сите треба да се прилагодиме на тие правила време е да ја вклучиме и нашата свест да проработи.

Сите треба да бидеме свесни дека покрај здравствените последици со кои ќе се соочиме како држава, многу поголеми и поопасни ќе бидат економските последици со кои ќе се соочи стопанството.

Испровоциран од неколку коментари и реакции кои ги читам на интернет, по повод вчерашната објава на новите предлог солидарни мерки на претседателот Заев каде се предлага месец април и месец мај државната администрација, раководителите, директорите и сл… да земат минимална плата од 14.500 се со цел парите да се пренасочат кон стопанството и најпогодените економски оператори од оваа криза.

За сите тие кои што сте најгласни и сте против овој предлог треба да знаете дека ако сега не се помогнат фирмите, економијата во државата ќе застане. Ако сега не се помогне на фирмите за да ги одржат своите бизниси и да нема отпуштање на вработени за два месеци ќе се доведат во прашање исплатите на пензиите и платите во државата, бидејќи и ќе нема кој да го полни буџетот. Слаб приватен сектор, слаби фирми, слабо стопанство, слаба економија. Практично ова е еден синџир од алки на кој се темели функционирањето не секоја економија во светот.

Затоа овие мерки единствено треба да се разберат како заедничка подадена рака за спас за целокупното стопанство, државна администрација, пензионерите….Овие солидарни мерки се направени се цел што полесно и безболно сите како држава ја пребродиме оваа несакана состојба.

ФБ статус на Сашко Митовски