ДА НЕ НИ СЕ ПОВТОРИ – НИКОГАШ!
Нашата ЃРАЃАНСКА НЕАКТИВНОСТ доведе едно ЗЛОСТОРНИЧКО ЗДРУЖЕНИЕ( под маска на политичка партија ДРПНЕ ) да ни ја киднапира државата и да воведе ужасна и тешко искоренлива ДИКТАТУРА, со која ни требаше години и години борба, граѓанска револуција, да си ги вратиме одземените слободи, права…и повторно да воспоставиме ДЕМОКРАТИЈА во државата. Затоа никако не смеат да се заборават жртвите и штетите од таа деценија на диктатура, оти Р.Севрна Македонија се уште е рековалесцент, оти природата на секоја диктатура, бидејки владее со манипулација на колективната свест на народот, со силна пропаганда и со жигосување на измислени (нови и нови) “непријатели”, и плевелот што останува зад неа, зад диктатурата, многу тешко се искоренува, а што е полошо, има не мал бр. на луѓе кои како да милуваат да не го употребуваат мозокот туку да бидат слуги на еден Вожд(Диктатор) кој ќе им кажува што да прават и како треба да живеат!
ЗГОРА:
Грујо е во бегство, како и уште неколку клучни сведоци на најголемите злодела и кражби.
ПАРИТЕ ( милијарди и милијарди евра, украдени од народот, од сите нас ) НЕ СЕ ВРАТЕНИ! …Во прилог на тоа, јавно, ДРПНЕ е званично нај богата политичка партија во Европа(!?) и се уште, не е направено ништо сериозно, барем, да се направи контрола на порекло ( како е стекнато ) тоа огромно благо.
Да, се водат судски процеси, за многу кражби, злосторства, убиства, криминал, политички местенки и сл., но судството ни е како полжав…
Ск2014 – рак рана на Скопје, на целата држава, мошне тешко и споро се лечи…
Најстрашно е, што многу жртви( а во крајна линија сите сме жртви на тоа самоволие и апашлук), жртви на таа диктатура и на тој Грујо, се уште не чуствува соодветна садисвакција- а парадоксално, голем број на тие исти крвопии, и истиот тој Грујо – отворено учествува и на овие избори, влечејки ги конците на
Мицко и целата партија (ДРПНЕ)!!!
Еве,
 за некој ден се избори, можеме, само со пенкало, да се избориме … а воедно да бидеме, многу внимателни, и да не дозволиме да се повампири, да ни се врати како лош кошмар, тој бабашибозлук на ДРПНЕ, диктатурата и фашизам која тлее како лава под тенок слој разум кој не штити од тоа; и да продолжиме по патот на подобрување на Р.Северна Македонија – во правец на подобрување на демократијата и градење на една европска држава врз исклучиво ГРАЃАНСКИ КОНЦЕПТ!


ФБ статус на Југослав Петровски