Поздрав до третиот во разговорот” -многу често јас и дел од колегите кога зборувавме на моб знаевме да се зезаме вака (додуша јас се уште го користам овој поздрав, кога ќе ми трохира линијата или дуплира гласот, дали времето ќе ме демантира,ќе видиме)
Дека не прислушуваат беше јавна тајна, дури во легендите на собраниските ходници, кружи се уште еден мит,кога Претседателот на Собрание (кој и да е) ќе те покани официјално на коктел за 8ми Септември, влагаш во тефтерот на ДБК,УБК,АНБ..итн)
Кога на тој фамозен 9.2.2015 пукна првата “бомба”,јас известував во живо, ги следев речиси сите објавувања потоа…
Мислев дека навистина нема да се потресам кога ќе го чујам мојот глас од некоја “бомба” (побогу политички новинар сум и еден можеби од ретките што во тоа време комуницирав со сите,иако ме плукаа,и едни и други и трети,впрочем како и сега)
Но, дента коа ја отворив папката не ми беше сеедно.
Искрено најмногу се шокирав од транскриптите на моите смс-пораки, со се печатни грешки…
Мојата папка донесе страв кај луѓето со кои соработував,но кај луѓето со кои приватно комуницирав..знате ли колку често ја слушав и се уште ја слушам реченицата:
“А со тебе,не преку телефон” 😏
Периодов останаа многу, многу дилеми, контрадикторнисти, лаги разочарувања, пост бомбите, пост дебаклот на СЈО, пост политичките пазарења со обвинети, “бегството” на Груевски, уцените со приватните разговори, кои можеа/ат да се купат на црно од македониските до косовските пазари…но сакам да верувам дека пресудата за “Таргет-Тврдина” ќе биде дел од правдата, за која нема да се срамиме во процесот кој следува и дека нема зад првата кривина (читај Апелација) да не дочека мотивот за теататот наречен “Враќањето на Мијалков”…
Правдата одамна не живее во Македонија,но за да #Македонија биде држава #Јустиција мора да прогледа подеднакво за сите….
Предците од страната на мојот татко велат :
“Живи били,па видели”!
Јас немам што да додадам на ова мудрост.
п.с.Додека вчера ги гледав снимките и фотките од Сашо Мијалков зад решетки во марица, а богами и ги слушав и читав, триумфалистичките восклици било од партиски функционери, било од новинари или пак јавни личности,ми текна на една, за мене, анегдота од тоа време…
“Зошто мораш толку гласно да зборуваш ,кога го спомнуваш Сашо Мијалков,немој толку гласно”-вака своевремено ме советуваше еден лик, кој се уште се претставува како новинар,но
моите критериуми за тоа одамна не ги исполнува 🙄
ФБ статус на Душица Мрѓа, новинарка