- На Балканот поимот заедничка историја може да произведе само заеднички идентитет и заеднички јазик. Балканот не препознава цивилизирано заедништво. И уште долго време ќе биде така. Цивилизираното заедништво претпоставува пред се взаемна почит. Без, мобинг, булинг и уцени од позиција на сила.
- Во нецивилизираниот регион како Балканот, тешко се разбира сопствената историја, а да не зборуваме за потенцијално заедничката. На Балканот не може да има вин-вин заедничка историја на минатото. Затоа што ќе биде политички произведена балканска заедничка историја за задоволување на одредени моментални потреби, како што е почеток на преговори со Унијата, популарно наречена Здружение на независни држави. Исто како Здружение на сојузот на возачите.
- Дали се работи за мобинг и уцени? Сигурно. Одговорот е во самото прашање. Каква конекција имаат реформите во правосудството, администрацијата, борбата против корупцијата, слободата на говорот, екологијата, Зелен Балкан и многу други нешта, со прв ултимативен предуслов за заедничка историја која ќе произведе заеднички идентитет и јазик?
- Тезата за заедничка историја носи вознемирувачка опасност за нашава минијатурна буџетска држава. Тезата не е поставена за заедничка сеопфатна историја меѓу двете држави. Таа не се однесува на заедничка историја со албанците, турците, србите, власите и останатите кои живеат во нашава држава. Се однесува само на историјата на македонците. А тоа е многу вознемирувачки опасно.
- Ваквиот пристап инсистира на градење на заедничко историско минато, а со тоа и идентитет и јазик. Теза како да е поставена во некои Клубови.
- Нема ништо по позитивно од градење заедничка историја на иднината, а не на минатото со взаемно почитување, без мобинг, булинг и уцени.
- Минатото е минато. И тоа не може да се претвори набрзина во заедничко со политички потпис на некој Misty Document за моменталните потреби.
Руди Лазаревски
Почетна ГЛАСОТ НА ЈАВНОСТА На Балканот тешко се разбира сопствената историја, а да не зборуваме за...