Сега кога се во опозиција и ви претстојат уште најмалку 4 години на таа позиција, сега кога ги изгубија сите привилегии, сега кога немаат контрола врз институциите сакаат да бидеме пријатели, да си живееме заедно и да не се караме за политиката. Чудно е како сега тоа го велат и го пишуваат на „Фејсбук“, а во време кога беа власт вербално не’ линчуваа, се потсмеваа на насилството кое нивната партијата ни го правеше, се изживуваа на неправдата врз нас.
И, нема проблем. Тоа го правевме тогаш, така ќе правиме и сега. Ќе бидеме пријатели и ќе нудиме соработка за да го направиме нашиот живот поубав. Нема да бидеме злопамтила и не знаеме да се однесуваме како вие кога бевте на власт. Нема така да биде затоа што така не се нуди развој на една општина и на една држава, така не се нуди светла иднина за младите. Заради таква политика која ДПМНЕ ја практикуваше 500 000 луѓе си заминаа од државата.
Нема да правиме ништо од тоа што вие го правевте, ама немојте да мислите дека заборавивме и дека сега не го забележуваме вашето лицемерие. Вашиот егоизам го забележуваме од далеку оти не бевте вака кротки кога бевте на власт. Тогаш „палевте и гасевте“, а денес ова за вас е преоден период за повторно да станете такви, кога ќе дојдете на власт.
И да знаете, така нема да биде повторно затоа што граѓаните нема да ви дозволат. Вашите привилегии се минато, а, фала богу, државата оди напред со вас во опозиција. Продолжете со вашето лицемерие и глумете дека сакате соработка и пријателство, нашиот став е ист – можеме уште повеќе, можеме уште подобро.

Сотир Габелоски