За очи ги фаќаа и до седмо колено ги колнеа сите оние кои се обидуваа со аргументи да докажат дека во четирите години Петре зад себе остави дела и дека е неспоредливо подобра опција од „менаџерката“ Данела.
Ама не! Пусулчето од партискиот штаб и традиционалниот македонски инает, имаа поголема „специфична тежина“ од разумот и логичното резонирање.
Не што нема нови 250 еколошки автобуси, не што нема бесплатен јавен автобуски превоз, туку како тргнало нема да има никаков градски превоз!
И тоа нема да биди се’. И нема да биди само во Скопје. Резултатите од неспособноста и незнаењето на градоначалниците да ги решаваат проблемите на граѓаните, континуирано ќе доаѓаат во следните три години.
Професорот Ѓорѓи Марјановиќ велеше: „На будалите отпосле им текнува!“.

ФБ статус на Зоран Милошески