Зошто се караат околу Короната? Наместо кавга, борбата против вирусот може да стане национална мисија. Патриотски акт ако сакате. Има добри примери како се прави тоа, Кина, Јужна Кореја, па дури и Њујорк ( во споредба со Април) безмалку го искоренија и ги отворија економиите, само со три едноставни средства – носење маски, социјална дистанца и таргетирани тестирања. Тие се лековите засега, нема други.
Опозицијата место да пушта отровни стрели може да излезе и да рече ајде луѓе да се обединиме, да запнеме заедно, да носиме маски, ако треба карантин да одлежиме како пролетоска. Така се добиваат поени, тоа е зрело однесување  во криза. Сплотете го граѓаните, не ги двоете по партиски бои.

ФБ статус на Валентин Нешовски