Христијан Мицкоски е оној кој постојано размислува за избори. Него и ВМРО ДПМНЕ не ги интересира ништо друго освен исходот од следните избори. Не се заложија за јавното здравје, не придонесоа во дебатата за справување со кризата, и на власт и во опозиција се големи штетници.
Со нивното однесување ДПМНЕ покажа дека се работи за истата матрица од времето на Груевизмот, а уште еднаш се потврди дека оваа партија без власт и сите привилегии што ги носи истата не може да опстои. Нивната главна работа е власт, власт и само власт.
Навистина чудно е како не успеаа да изнајдат доблест, да го победат партиското его и да се приклучат на успесите што како држава ги имаме. Најпрво беше НАТО кога при ратификацијата Мицкоски не аплаудираше и со тоа симболично покажа чии интереси брани партијата која тој моментално ја застапува. Вториот момент е датумот за преговори со ЕУ. Со месеци „најистурените“ ликови на ДПМНЕ без малку навиваа државата да не добие датум после големата неправда минатата година.
Финалниот момент е кризата со коронавирусот која сакаа да ја искористат за билдање политички поени преку ширење нетрпеливост, лажни вести и обидувајќис е по секоја цена да наштетат политички на централниот лик – Венко Филипче.
Денес се најдовме во позиција во која без избори државата не може да функционира и откако со месеци опозицијата бара избори „за да однесе голема победа“ и „народот да казни“ за денес истата да е најголем противник на тоа.
Ниту здравјето, ниту благосостојбата на граѓаните ве интересира, туку анкетите на кои губите убедливо – затоа не сакате избори.
Став на Сотир Габелоски