На фејсбук групата „Македонци во Швајцарија“, се појави анонимно сведоштво на еден од 118 Македонци, кои вчера вечерта пристигнаа од Малта.

Ги пренесуваме неговите зборови, како што се објавени.

„Ние вчера стигнавме во МК. На списокот беа пријавени 147, а дојдоа само 118 души. Авионот чинеше 25000 евра, картата варираше во зависност од луѓето, колку ќе дојдат. Тие 25.000 се делат на 118 патници и изнесуваше 211 евра карта, а ако дојдеа сите 147, ќе беше поефтина, зборувам за Малта – Скопје.

Тие што се пријавуваат да си одат за МК, да не се откажуваат затоа што им прават доплнителен трошок на останатите, и да не се плашат од зборот карантин.

Сместени сме во 3 града, Велес, Битола и Охрид. Сместени сме во хотели, имаме 3 оброка дневно. Доктор 24/7, Полиција 24/7.

14 дневен карантин со ТВ и клима, од собата нема излегување надвор.

Ракавици и маска задолжително носење“