Поранешниот советник на АСХ во Куманово, Осама Муадини преку објава изјави дека не го поддржува независниот кандидат Максим Димитриевски.Тоа го изрази преку објава на Фејсбук:

“Мојата поддршка за актуелниот градоначалник можете да ја најдете во мојата работа и 4 годишна борба како општински советник! Тој постојано ме одбиваше за се, и се противев на многу одлуки и се борев за сите, за капитални инвестиции во албански населби и пропорционална распределба на Буџетот за Албанците, како во образованието, така и во културата и во спортот!Плунката што ја плукам, не ја лижам! Затоа, поради ваквиот пристап и овие причини, мојата рака не може да гласа за таков градоначалник, како што не гласав за него ниту пред 4 години!”, истакна Муадини.