Почитуван претседател на РФМ
г-дин Живко Мукаетов
Ви пишувам вам како последна надеж за спас на спортот.
Имено г-дин Мукаетов вчера се навршија точно година дена од моето обраќање кон еден од репрезентативците.
Нај прво морам да признаам дека после мојот текст истиот видно го смени своето однесување кон државниот грб што ме радува навистина.
Меѓутоа по тој текст бев исконтактиран што од млади ракометари, а богами и од нивни родители.
Затоа ви се обраќам вам како прв човек на ракометот во Македонија.
Најискрено ве замолувам нај нај искрено…
Отргнете го Ракометот од канџите на една политичка партија која и да е истата.
Она на што бевме сведоци деновиве не наликува на државно преставување туку на партиско.
Под итно донесете правилник за однесување на репрезентативец од денот на повикување во репрезентација па се до враќање дома.
Не дозволувајте два три евентуслно четри играчи да диктираат кој ќе игра , кој ќе биде селектор, а кој не смее да биде повикан.
Истоа така ве замолувам во мое име и во име на многу поранешни спортисти со кои имав контакт.
Уште утре државните симболи како што е знамето целосно да се почитува во соблекувалната и секако оној циркуз со покривање на уставното име веднаш да го прекинете.
Во некои држави за ваков засрамувачки акт кон уставното име и се одговара претседателе на РФМ.
Репрезентацијата драг мој Мукаетов не е ничива сопственост, не е парламент не е политичка партија, нити клупа пред зграда за да се водат политички битки.
Репрезентацијата е на сите нас почитуван на секој поединец подеднакво и ние не сакаме политички флоскули во соблекувалната на државната селекција.
Ако не знаете како појдете во ФФМ многу едноставно го решија ова и многу ефикасно ја вратија репрезентацијата на сите нас.
Знам прво ќе помислите дека ова го пишувам од политичка гледна точка и токму тука ќе ја утнете.
Не почитуван Не….
Јас немам партија јас сум подеднакво одалечен и зближен со сите…затоа не грешете душа.
Мојата партија е Република Северна Македонија.
Ова ви го пишувам како поранешен мал многу мал спортист со незабележителен резултат, ете толку само.
Ве молам не не разочарувајте нас обичните не офарбани во бои луѓе и послушајте ме.
Успехот ќе биде ваш како и последиците ако се продолжи со оваа рашамонијада или циркуз.
Ви благодарам за вниманието
Со почит..
Писмо на Ерол Ерко кон Живко Мукаетов