Наќе Чулев имаше “ нарачано” интервју во ТВ Алфа во кое прашањата и одговорите му го состави Синиша Алексовски,а, “интервјуто” го водеше новинарка под контрола на Синиша Алексовски.
Рашела Мизрахи направи нарачано интервју во партиските простории.
Подоцна на прес конференција одби да одговори на прашања и ги понижи новинарите..
Наќе Чулев вчера бил во Агенцијата за разузнување и се заканувал на вработените.
Денес читам еден од поранешните медиумски перјаници на ДПМНЕ ја навредувал и се заканувал на Мери Јордановска.
Ова е недемократскиот биланс за само една недела.
Кога ќе ми текне дека за предлогот за назначување на Дарко Лешовски за претседател на Струшките вечери за малку не изби граѓанска војна, непријатно делува молкот по овие недемократски и насилни постапки.
Забелешите во стилот вака прават зошто не се затворени не можат да бидат оправдување за овие недемократски и насилнички постапки.
Боби Илиевски