Поранешната водителка Нора Шакири преку личен пример илустрираше како се одвивал процесот на лустрација каде главен лустратор беше Томе Аџиев. Како што тврди Шакири не е можно за нејзиниот татко државниот архив да нема никакви податоци а Аџиев да изјавува дека инфомациите за тоа дали некој да биде лустриран или не ги вадел токму од државниот архив.
Еве што напиша Шакири на Фејсбук каде објави и фотографија од одговорот од архивот дека не располагале со никакви информации за нејзиниот татко:
Аџиев запнал дека досиејата ги црпел од државниот архив…Ок Томе, ама еве у 2012 на мое барање архивот вели дека за лицето Хисен Шаќири не располагаат со досие и превземена документација од МВР
Па како бе Томе и даље се колнеш у архивот, а татко ми у првите пет го лустрираше и го смести на висока позиција на кодоши…