Филип Петровски, еден од гласноворниците за заминување на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на својот ФБ профил сподели видео во кое Мицкоски пред изборите ветува изборна победа со над 100.000 гласа разлика во корист на неговата партија. Но, тоа не се случи, и токму поради овој трет по ред пораз на Мицкоски неговите сопартијци бараат оставка од него. Велат, ВМРО-ДПМНЕ е во очајна состојба поради што е потребно итно свикување на вонреден Конгрес за избор на нов претседател на партијата.

„Или е забеган или одработува за Заев. Од изјавата не може да се заклучи ништо друго. Како и да е ОСТАВКА ТРЕБА ДА СИ ДАДЕ!“ – констатира Петровски, споделувајќи видео од гостување на Мицкоски во едно ТВ интервју пред изборите.

И од коментарите на постот може да се заклучи дека голем е бројот на револтирани од првиот човек на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Со толку порази сигурно за некој одработува, а може и е забеган!Ама штабците никако да сватат!!!“ – гласи еден од коментарите.
„Ја клекна партијата на колена“
„Толку е глупиЧковски и не вреден шо мислам дома и жена му и децата не го слушаат…
прав дпмневец“ – гласат дел од коментарите.