Вечниот приврзок на секоја власт, Павле Трајанов, политичарот за кого дури и покојниот Ѕинго е аматер кога е во прашање стажот поминат во владејачкото мнозинство, обвинува за наместени тендери.
Ако е така, тогаш шо мајка барал Павле со децении да биди во коалиција со такви, биле едните или другите? Оти не си заминал од власта првиот момент кога видел како се местат тендерите? Павле бил должен криминалот да го пријави во надлежните институции, зошто не го направил тоа? Или, молчел, чекал и се надевал дека и тој ќе ги брцни рацете малку подлабоко во теглата со медот?
За павлевци и нему сличните газди на пајтон-партиите кои со децении се шлепаат на двата политички мастодонта, лекот е еден: измена на Законот за избори, односно забрана за предизборно коалицирање! Секој сам на избори, па отпосле нека коалицираат со кого сакаат. Или им се врти во главата од помислата дека нема да освојат ниеден пратенички мандат и дека шампитата на „Илинденска“ ќе можат да ја видат само на телевизија?
А после се знај: нема власт, нема пари – појдоа павлевци курбан!

ФБ статус на Павле Трајанов