Многу сакам Димитар Ковачевски да успее да ја консолидира партијата и да успее да го врати СДСМ таму каде што му е местото…
Ама морам да признам дека малку сум и скептичен…
СДСМ повторно избра ‘европски’ политичар…Политичар со европски манири… А таквите, за жал, се покажа дека не успеваат кај нас… Последните локални избори покажаа дека во Македонија многу гласачи сакаат егоцентрични и фашизоидни политичари… Политичари без грам морал… Политичари со коишто Македонија не може да оди напред…
Но мора и тоа еднаш да се смени… Нека биде тоа сега…
Димитар Ковачевски ќе има тешка задача… Веќе еднаш напишав, не е лесно да си ‘Заев’ после Заев… Ама Србите имаат една поговорка: „На муци се познају јунаци“…
Во името на сите членови од СДСМ-Торонто, му честитам   на Ковачевски за функцијата Претседател на СДСМ и за добивањето доверба да биде мандатор за идната Влада…
Честитки и до целиот тим што заедно со Ковачевски ќе ја водат партијата…

ФБ статус на Ацо Лукароски