Заев си поднесе оставка. Пред извесно време даде оставка и од партија, што значи дека веќе не е политички активен и можам да кажам неколку зборови за професионалното искуство со поранешниот премиер и неговото политичко дејствување во овој период.

Прво, во однос на новинарите, Заев постави нов стандард, кој другите политичари беа должни да го следат… Имаше одговори за сѐ. Неговиот пример беше должен да го следат неговите соработници, но и опозицијата.
Што се однесува до политичкото делување, тој зборуваше отворено на секоја тема и што е најдобро, имаше храброст да дејствува.
Без храброста на Заев оваа држава никогаш немаше да влезе во НАТО.

Во однос на Албанците, само поради храброста и политичката визија на Заев, Албанец стана претседател на Собранието. Албанец стана и министер за финансии и министер за надворешни работи. Да, сите овие се кадри на ДУИ, но ДУИ е на власт 20 години, а во изминатите 20 години мораа да се задоволат со заменици министри и Министерството за животна средина.

Изгласан е и Законот за употреба на јазиците. Да, на инсистирање на сите албански партии, но без поддршката на Заев, да бидеме искрени, тоа немаше да помине, бидејќи во демократија правилата ги прават бројките. Денес дури и партија како ВМРО ДПМНЕ ја менува својата реторика и политички курс, а според мене тоа се случува поради концептот „Едно општество за сите“.
Скопје и Тирана никогаш немале подобра соработка и верувајте ова не е поради албанските политичари.

Во овие 4 години, колку што владее Заев, речиси и да немаше инциденти од етничка природа. Знаете како беше пред само 6,7 години.

Македонија не постоеше во картата на Европа пред Заев. Целосно маргинализирана држава, заборавена од меѓународните организации и приватизирана од Груевски. Сликата по само 4,5 години е целосно изменета.

Северна Македонија е најновата успешна приказна на мултиетничка држава на Балканот.
Апсолутно и Заев има свои „гревови“. Еден од нив е тоа што не дозволи демократизација на амбиентот во албанскиот политички табор.
Се разбира, дури и на полето на реформите во правосудството тоа не успеа.

Според мене најголемиот неуспех е во изборот на кадар. Па, да се надеваме дека неговиот наследник ќе продолжи со позитивните работи и ќе се обиде да ги подобри состојбите… Едно е сигурно, го чека многу работа.

ФБ статус на Фуркан Салиу