Кои познати лица се на потерницата на МВР?
За прв пат во историјата на државата, еден поранешен премиер побегна пред да влезе во затвор, откако се доведе во состојба да биде осуден за едно дело а во исто време е обвинет и во неколку други случаеви кои ги отвори СЈО. Тоа е Никола Груевски, кој беше премиер 10 години.
Груевски на потерницата од МВР е во друштво со останати осудени криминалци и лица кои побегнале на правдата: Аѓим Крашничи, Драган Даравелски, Никола Бошковски, Горан Грујевски…