Геровски продолжува да вади од контекст, изгледа вмровците многу се уплашиле од предизборна коалиција на СДСМ со една или повеќе партии од албанскиот политички блок.

Сега е проблем изјавата на Заев „СДСМ не е македонска, туку мултиетничка партија“.

Па Геро вели: „СДСМ е македонска партија другар Заев, а да не се знае дека СДСМ е македонска партија е многу грдо!“.

Ете, да не беше овој текст јас лично нема да знаев, се досега мислев дека СДСМ е француска партија. Единствено што му е точно во колумната (се друго е спин, па дури плаши и потсеќа на Тиранската платформа хахахаха) е констатацијата дека СДСМ не е етничка партија. Токму така, СДСМ е граѓанска партија, а во неа не само што членуваат, туку и дел од раководните структури на партијата, нејзини претставници во законодавниот дом, носители на локалната власт и др. се Македонци, Албанци, Турци, Бошњаци, Срби, Роми, Власи… главните индикатори што дефинираат етничка партија се:

1. Името на партијата (Социјал демократски сојуз на Македонија е името, не е Социјал демократски сојуз на Македонците).

2. Програмата на партијата (како последица на таа програма за СДСМ гласаа од 30-50 илјади Албанци, како и Турци, Бошњаци, Срби, Власи, Роми покрај Македонците).

3. Статутот на партијата – Член 2 од статутот на СДСМ гласи “Унапредување и афирмација на меѓуетничкиот соживот и меѓурелигиска толеранција и дијалог“).

4. Членовите на политичката партија (да повториме, Македонци, Албанци, Турци, Бошњаци, Срби, Власи, Роми….). Значи Геро, сите политички партии регистрирани во Република Македонија, и тие што ќе се регистрираат сега во Република Северна Македонија се македонски политички партии, а единствената разлика помеѓу СДСМ и останатите е дека СДСМ е граѓанска партија, а другите се етнички партии.

Целиот текст на Ерол Шакири прочитајте го на линкот тука