Дали сте должеле 50.000 евра за струја во Сала Расадник?
– Јас немам никакви долгови.
Добро, а во 2014-та сте имале?
– Ме мразат зашто сум најуспешната менаџерка во Македонија, а и низ Европа нема како мене.
Дали сте ја менаџирале салата Расадник?
– Ќе тужам.
Дали знаете кој ја менаџирал?
– Веќе најавив тужба.
Дали сметате дека е добро менаџирана?
– Ме мразат.
Дали е непотизам тоа што вашата мајка сте ја ставиле на државна функција по предлог на вашата стопанска комора со хонорар од 10.000 денари по состанок?
– Да не мешаме семејства многу сум навредена.
Дали имате бугарско државјанство?
– Демантирам било каков бугарски пасош.
Добро за пасош, а за државјанство?
– Јас најавив пресметка со криминалот и почнаа да ме напаѓаат.
Дали некогаш сте го носеле името Даниела?
– Јас сакам да зборувам за иднината и за проектите што ќе ги сработам во првите 82 дена.
Даниела Јовановска ја познавате?
– Им гори под нозе.
Зашто сте си го смениле името?
– Срамота се овие обвинувања.
ФБ статус на Никола Наумовски