“Редовниот професор” ја тумачи амбасадорката на САД на еден многу циничен начин, вели дека ја прифаќа реалноста, ама дека борбата ќе продолжела. Каква борба? Кон кого борба? На кого му објавува борба? И зошто цело време, на секој негов јебан твит, ако го уважува и прифаќа договорот од Преспа, зошто не пишува Северна Македонија, туку пишува само Македонија.
Така Геро ли му кажа дека може само Македонија?
На оваа земја не и’ треба Мицкоски и неговото “семакедонство”. На оваа земја и треба трансформирација во модернизација, урбанизација, нивото на училишна општа спрема е многу ниско, образование и здравство за сите, креативен претприемачки дух, нов патриотизам за државата Северна Македонија, а не идиотско семакедонство, членство во ЕУ, членство во НАТО, владеење на право, слобода, еднаквост.
Сите овие концепти им се туѓи на вмроовци. Ова се базичните вредности и концепти на Зоран Заев и граѓанска Северна Македонија.
Нема ВМРО-ДПМНЕ во својата база еднаквост, тие имаат еднаквост само во македонштината. А тоа не може да биде програма за модерна и европска држава.
Со Заев можеме и имаме шанса, со Мицкоски ниту на сон!
Ненад Јовановиќ